На вонредното Собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје на 17. февруари се очекува вистинска „битка“ за нов состав на Надзорниот одбор (НО) на угостителското друштво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предлогот за вонредно собрание за избор на ново раководство на НО го даде најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје, кој засега нема свои предлози за нов претседател и членови на НО.
Досега свои различни предлози дадоа акционерите Промедика и М.Г.Фешен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Промедика предложи кандидати за НО на Македонијатурист
М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив
Во Македонија ретко гледаме секој акционер да дава свои предлози за избор на менаџмент, а тоа само го потврдува фактот кој е јавна тајна, дека две групи на акционери водат вистинска „битка’ за превласт во Македонијатурист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во НО на Македонијатурист моментално се Доне Таневски, кој е претседател, Верица Хаџивасилева Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски.
Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопски пазар, најголемиот акционер, купи нови акции на Македонијатурист
Промедика купи нови акции на Македонијатурист
М.Г. Фешн која неодамна продаде, сега купи нови 50.912 акции на Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев