еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лога не одговори дали со Законот за амнестија ќе бидат ослободени двајца од осудените за „Монструм“

Од вкупно 2.114 затвореници низ државата со новиот Предлог закон за амнестија целосно се ослободуваат 286 лица, а делумно ослободување од ефектот на 30 проценти добиваат 996 затвореници, изјави министерот за правда, Кренар Лога, на денешниот брифинг со медиумите.

Како што кажа министерот, оваа бројка се однесува на лицата кои што се веќе сместени во затворите низ државава, додека, за оние 2.813 кои чекаат да влезат во затвор ќе има дополнителен список од Управата за извршување санкции.

Министерот Лога на денешниот брифинг во Министерството за правда информираше дека Предлог законот за амнестија во Собрание ќе влезе по скратена постапка и нема да биде со европско знаменце. Тој потенцираше дека како предлагач, пред пратениците сака лично да го брани ова законско решение.

На новинарски прашања зошто покрај достапна пробациска служба, се предлага овој закон, тој образложи дека законот само дополнително ќе придонесе во растеретувањето на затворските капацитети.

Како што информираа надлежните на брифингот, пробациската служба е функционална со 28 пробациски службеници и 11 канцеларии.

– Активни пробациски предмети е 450, што е втор по големина затвор од Идризово. Еден ден затворска казна чини 1.000 денари, еден ден под надзор на пробациска служба 50 денари. Оние што се под пробациски мерки нема да подлежат под амнестија, појасни службеничката од пробациската служба.

На брифингот беше најавена и изградба на нова зграда во Идризово со капацитет од 900 нови места.

-Во моментов имаме изготвени и ревидирани проекти, одобрение за градење. Банката побара од Влада дополнителни средства и немаме никаква пречка тендерот да се распише и за шест до девет месеци би требало да почнеме да градиме. Тоа во капацитет би значело околу 900 нови места и зголемувањето на пробацискиот оптег, посочија службите, дополнувајќи дека планираниот рок на изградба е 4,5 години.

Во однос на прашањето дали дел од осуденици од случајот „Монструм“ ќе бидат опфатени со новиот закон, министерот рече дека не сака да навлегува во тоа кој предмет ќе биде опфатен со законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Двајца осудени за „Монструм“, Сеат Кочан и повратник од ИСИС на слобода со Законот за амнестија на министерот Лога

– Не сакам да навлегувам во тоа кој предмет ќе биде е опфатен со законот, можеби ќе бидат и луѓе од 27 април. Кои предмети спаѓаат во амнестијата не ми значи ништо, рече тој, потенцирајќи дека делото помагање за кое се товарат овие осуденици било предвидено и со законот од 2018 година.

Најавената амнестија ја разбранува јавноста со тоа кој сѐ би можел да биде опфатен со неа. Според лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои служат затворски казни. За премиерот Димитар Ковачевски, блокадата е стратегија на опозицијата која постојано ја применува.

Откако Предлог законот за амнестија помина на Владина седница, Министерството за правда најави дека ќе го достави до Собранието и посочи дека очекува поддршка од сите пратеници за законското решение, чија цел, според нив, е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела и растеретување во казнено-поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа.

Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

МИА/фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внатрешната контрола на МВР ќе го разгледува приведувањето на Фуркан Салиу

Редакција

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти

Редакција

Системот на ФЗО хакиран со „ransomware“, хакерите бараат откуп за да го “ослободат“

Редакција