Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев го најави традиционалниот заеднички ручек, кој секоја година се одржува на 6. јануари на Градскиот плоштад.
„Традицијата продолжува! Во сабота 06.01.2024 година од 10 до 14 часот, заеднички ручек на Градски Плоштад Кавадарци! За Бадник и Божиќ никој не треба да биде сам,“ напиша Јанчев на неговиот Фејсбук-профил.
Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.