еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За викендот стабилно и суво време, со студени утра

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Во Скопје, претпладне ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност.

Најниската температура ќе се спушти до -4 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 10 степени, на југот од државата.

Утре ќе се задржи стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во благ пораст. По котлините ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Од понеделник облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд, на планините од снег, се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на луѓе што користат дроги е зголемен за 23%, велат од ОН

Редакција

Во Македонија нема регистрирано индиски сој на коронавирусот

Редакција

Албанскиот претседател има највисока плата меѓу колегите во регионот, на кое место е Пендаровски

Редакција