еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За девет недели Доналд Трамп избегна втор атентат

Вчера попладне во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида, САД, додека играл голф, поранешниот претседател Доналд Трамп избегна нов атентат, пренесуваат американските медиуми.

За девет недели оваа е втор обид за негово убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Обид за атентат на Трамп, има и убиени

Тој не е повреден, а напаѓачот, кон кој со пукање возвратило обезбедувањето на Трамп е идентификуван. Се работи за Рајан Весли Рут (58) од Хаваи, кој пукал со автоматска пушка.

Како што пренесоа американските медиуми тој потоа побегнал, оставајќи зад себе „пушка во стил АК-47“, камера и два ранци.

Полицијата подоцна го фатила додека со голема брзина се движел на главниот автопат во соседната област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Објавена снимка од убиениот атентатор на Трамп, имал 20 години

Фото: Трамп/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Официјално: Границата со Грција останува затворена најмалку до 15 септември

Редакција

Како граѓани, нема да помогнеме во борбата против корона вирусот со бегање од болница и давање на лажни информации на граница

Силвана Жежова

Три години и еден месец затвор и парична казна од 5.000 евра за Марјан Стаменковски, сопственикот на „ДоказМ“

Редакција