еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ковачевски не гледа ништо спорно во листата на поскапени производи

Листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1.600 производи е детално прегледана и тоа се оние производи коишто во најголем дел се користат од страна на нашите граѓани во нивната секојдневна употреба. Подготвена е од врвни даночни и финансиски експерти, и доаѓа како дел од даночната реформа во државата за која денеска има најдобра потврда со потврдувањето во време на криза на кредитниот рејтинг на нашата држава.

Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање по посетата на „Вкуси ја традицијата – Втор национален саем за храна и пијалаци“, според кого,можно е таа да се разгледа но само за еден, два или три производи коишто навистина претставуваат во количини, а се користат на секојдневна основа. Тој направи и споредба на стапката на ДДВ во нашата земја со земјите во регионот, но и во ЕУ.

-ДДВ во нашата држава е најниско во однос на сите држави во регионот, меѓутоа ако го споредите и со сите држави во ЕУ, е најниско. Ние имаме основна ставка на ДДВ 18 проценти, Србија има 20 проценти, Хрватска има 25 проценти, Грција има 21 процент, Албанија има 20 проценти, што значи дека сите имаат повисока основна даночна стапка од нашата.

Второ, кога ќе ја погледнеме листата на повластени производи на 5 проценти, на таа листа се 1.600 производи коишто претставуваат основни прехранбени артикли во нашата држава. И тоа е исто така најголемата листа на повластени по пет проценти даночна ставка, производи коишто се користат во нашите домаќинства и од страна на нашите граѓани. Тука спаѓаат сите основни производи коишто се користат, вели премиерот.

Според него, шпекулации се информациите дека брашното ќе се покачело од пет на 10 отсто, бидејќи основните типови коишто се користат во нашето домаќинство остануваат на пет проценти, исто како и за кашкавалот и сирењето произведени кај нас кои се дел од основните прехранбени производи коишто се користат во секојдневното исхрана на нашите граѓани, а имаме, вели, гарантирани цени коишто исто така се останати на стапка од пет проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„За чесните стана луксуз да живеат во Македонија„: Твитер реакции за цените на храната

За разлика од кај нас, во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни, вели Гацов

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема акција на финансиската полиција во ФФМ: Кривични пријави за повеќе физички и правни лица

Редакција

(Видео) Како изгледаше настапот на Васил Гарванлиев на Евровизија

Редакција

Доколку ви „кочи“ Viber или други апликации, еве што треба да направите

Редакција