еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што е обвинет таткото на Вања?

Меѓу четворицата обвинети за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за четири лица за убиството на Панче и Вања, таткото помогнал во грабнувањето

Тој моментално е во домашен притвор, а по неколку месеци од убиството и киднапирањето на неговата ќерка од вчера е обвинет за помагање во нејзиното грабнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски оди во домашен притвор

Според Јавното обвинителство тој на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо и неговата група им дал насоки кога девојчето излегува за да оди на училиште, односно кога да ја киднапираат.

Тој периодов во неколку наврати изјави дека е невин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јас сум на два света, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, вели таткото на Вања

Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана

Како била киднапирана и убиена Вања?

Ѓорчевска е киднапирана во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски Борче” во Скопје.

-Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете.

Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано „Дупки”, во атарот на селото Бразда, информираа од Обвинителството.

Таму на свиреп начин, со умисла ја лишиле од живот, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка.

-Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот „Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боре Видевски, осомничен за убиствата на Вања и Панче, останува во притвор

Во куферот на Палевски со кој влезе во Шутка имало евра, лири и телевизор

(Видео) Како беше донесен Палевски во Шутка

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фич“ и „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг и очекуваат рецесија во Македонија

Редакција

Шансите ни се мали: Денеска клучен министерски совет на ЕУ за преговорите со Македонија

Редакција

Во септември раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Редакција