Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ изјави дека „не смета дека треба да му се извини на претседателот на САД“, Доналд Трамп, додавајќи дека ги почитува него и американскиот народ.
„Мислам дека треба да бидеме многу отворени и многу искрени. Не сум сигурен дека направивме нешто погрешно,“ рече Зеленски и оцени дека исходот од средбата „не е добар за ниту една страна“.
Зеленски дополни дека без американска помош, Украина тешко ќе ѝ се спротивстави на Русија, надевајќи се дека неговиот однос со Трамп може да се подобри.
„Посакувам Трамп да беше повеќе на наша страна“, додаде украинскиот претседател, кој оцени дека американскиот претседател греши кога тврди дека тој никогаш не би потпишал договор за мир со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека Украина мора да биде во силна позиција за да го стори тоа.
Трамп ја отфрли можноста за продолжување на разговорите велејќи оти се чини дека Зеленски не сака мир.
Интервјуто се случи по напуштањето на Овалната соба од страна на Зеленски по средбата со Трамп, каде што имаше жестока расправија помеѓу двајцата претседатели, како и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп јавно го понижи Зеленски, договорот за минералите остана непотпишан
Фото: Зеленски/Фејсбук