Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска на Фејсбук информираше дека Апелациониот суд Скопје правосилно ја поништил одлуката за неговата казна од две години затвор, условно, за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство, „Дизајн“, кој се однесува за набавката на кинеските автобуси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанушев доби условна осуда за набавката на кинеските автобуси
„После долги 7 години мое лично соочување со политички прогон и малтретирање од страна на т.н. независно или “како пупка отворено” обвинителство и судство, пред мене имам чисто досие.
Во овој момент, после сите нивни сценарија кои пропаднаа, јас гордо можам да кажам дека повторно сум слободен граѓанин на Република Македонија!
Сите овие години одлучив да молчам додека тие зборуваа невистини, а да зборувам кога тие ќе молчат пред вистината и правдата!, напиша тој меѓудругото на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Игор Јанушев, кој доби условна казна за набавката на кинеските автобуси
Фото: Фејсбук/Јанушев