еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изборниот ден помина во мирна, безбедна и демократска атмосфера, оценија од МВР

На заедничка прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнитениот заменик министер Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и помошник министерот за односи со јавност, Тони Ангеловски, оценија дека денешниот изборен ден во кој граѓаните гласаа за избор на претседател на државата помина во мирна, безбедна и демократска атмосфера.

„Без сомневање, мирните и безбедни избори се резултат на добрата соработка помеѓу полицијата, државната изборна комисија и сите други чинители кои беа вклучени во спроведувањето на овој изборен процес кој помина без пречки и поголеми инциденти.

Имајќи ги предвид информациите кои ги добив од надлежните аналитички служби во МВР, во текот на денешниот ден евидентирани се повеќе настани кои се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче, пријави за агитирање на гласачко место и други незначителни нерегуларности, но не се евидентирани посериозни инциденти насочени кон нарушување на регуларноста на изборниот процес,“ изјави Тошковски.

На ниво на целата држава биле евидентирани се 12 случаи на фотографирање на гласачко ливче, два случаи на кинење на гласачкото ливче, шест пријави за нудење поткуп, 15 пријави за агитирање.

На подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на претседателот на Избирачки одбор.

Врз основа на претходно поднесени пријави, од страна на МВР констатирани се шест прекршоци по чл.190 од Изборниот законик, а ќе бидат поднесени и две кривични пријави, една за кривично дело “Повреда на тајноста на гласањето“ по член 163 од КЗ и една за „Повреда на избирачко право“ предвидено и казниво согласно член 159 од КЗ.

На подрачје на СВР Охрид пријавено е јавно гласање пред Комисијата и на подрачје на СВР Тетово пријавен е настан за упатени навреди кон шеф на штаб на политичка партија.

На подрачје на СВР Куманово гласачките места 1100 во с.Умин Дол и 1075 во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ беа затворени, а избирачкиот материјал е вратен до канцеларијата на Општинската изборна комисија.

На подрачје на СВР Струмица, лице при гласање на набљудувач го покажало гласачкото ливче.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мукаетов за „Недељник“: Успехот се мери со квалитетот, но и со солидарноста и со задоволството на луѓето

Редакција

(Галерија) Министерката Шахпаска дел од Парадата на гордоста: Силно верувам во општество кое дава еднакви можности за секој граѓанин

Редакција

(Видео) Албанија отвори два прифатни центри во кои Италија ќе испраќа мигранти

Редакција