еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Извршени две трансплантации – на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено

Под водство на проф. д-р Зоран Божиновски и со поддршка од стручен тим успешно е извршена реконструкција на деформитет на стапало кај 13-годишен пациент, информираа од Министерството за здравство.

Во медицинскиот тим учествуваа д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, анестезиолог д-р Марина Темелковска, д-р Ивана Колевска Удовалиева, инструментарка с. Шехиде Синани, помошник инструментарка с. Аријета Мемети, сестра анестетичар с. Менче Дојчиновска и болничар Сејнур Идриз.

Исто така, медицински тим составен од доц. д-р Алан Андоновски, д-р Мики Ѓорески, д-р Шклзен Синани и анестезиолог д-р Јасминка Нанчева успешно ја изведе реконструкцијата на предниот вкрстен лигамент на колено кај 35-годишен пациент.

Придружувани од медицински техничар Ерзен Муртезани, помошник инструментарка Сузана Пејчиновска, сестра анестетичар Јована Илиева и болничарка Снежана Тодоровска, тимот демонстрираше врвен професионализам и посветеност.

-Трансплантациите се извршени благодарение на ткивната банка на ортопедија.

Со секоја успешно изведена трансплантација, ние не само што спасуваме живот, туку им даваме шанса за подобар и поквалитетен живот на пациентите. Тие се инспирација за сите нас. Изразувам посебна почит кон донорот и благодарност до семејствата на донорите.

Огромна благодарност и до сите здравствени работници вклучени во трансплантациските постапки. Во изминатите шест месеци се извршени осум ортопедски трансплантации кај деца и возрасни со кои значително се унапредува квалитетот на живот кај пациентите, вели проф. д-р Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) 16-от Виз Ер Скопски маратон се одржа по специјален протокол за заштита од Ковид-19

Редакција

Од М-НАВ тврдат дека изборот на контролори на летање се одвивал нормално

Редакција

(Видео+галерија) „Алкалоид“ пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра

Редакција