еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Измените на Кривичниот законик пречка за борбата против корупцијата во Македонија, земјата рангирана на 76. место на листата на „Транспаренси интернешнл“

На најновата ранг-листа за Глобалниот индекс за перцепција на корупцијата за 2023 година на „Транспаренси интернешнл“, Македонија е рангирана на 76. место од вкупно 180 земји, со скок од девет позиции во однос на 2022 година и напредок од два индексни поена.

Македонија 76. место го дели со Молдавија, Унгарија, Куба, Кина, Бахраин и Тринидад и Тобаго.

Во извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за Македонија меѓудругото се наведува дека “недемократските измени на Кривичниот законик“ се сериозна пречка за борба против корупцијата во земјата и дека поради истите е нарушен правосудниот систем.

Дополнителна загриженост има во однос на способноста на правосудството за ефикасна борба против корупцијата поради “политички мотивираните назначувања и разрешувања на судски функционери“.

Во регионов, Косово е рангирано на 83. место, Албанија на 98., Србија на 104. место, Босна и Херцеговина на 108. место, Грција на 59. место, Хрватска на 57. место, Црна Гора на 63. и Бугарија на 67. место.

Најдобро рангирана земја во светот е Данска, која на оваа позиција е од 2018 година, а на дното е Сомалија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ИГМ Џумајлија“ и „Даблју еко“ ќе останат без А-интегрираните еколошки дозволи

Редакција

Ден Дончев го демантира контекстот на објавените „бомби“: „Видеоснимката е од поодамна и од приватен карактер“

Редакција

ПМГ рекордингс фестивал 13, во две вечери со фантастична програма од домашни и странски изведувачи

Редакција