На инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20. јануари заедно со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Вашингтон, САД, ќе отпатува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп
Тој ја соопшти информацијата во интервју за телевизијата Телма, а подвлече дека двајцата ќе бараат подршка од САД за македонските евроинтеграции.
„Очекуваме набиена агенда на средби, верувам дека во следните денови и владината прес служба ќе објави што точно е планирано во таа агенда.
Да ги афирмираме нашите позиции со администрацијата во доаѓање, да продолжиме и тие добри лични односи кои и јас и премиерот во Владата ги имаме со новата администрација, но и да го потврдиме континуитетот кој што го очекуваме од американската надворешна политика, по однос на прашања од регионот, посветеноста на евро-интергреациите, посветеноста кон НАТО Алијансата“, рече Муцунски, кој повтори дека најдоброто решение за да земјата ги почне преговорите со Европската Унија е уставни измени со одложена примена.
Фото: Муцунски/Фејсбук