еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците се „скараа“ околу Зоре Темелковски и Шабан Трстена

Работните групи на парламентарните партии освен што се уште не постигнале договор за тоа кој ќе биде директор на ОТА и за главен државен ревизор, имаат несогласувања и по прашаљата за избор на членови на Комисијата за конкуренција, на Одборот на државната награда 23 Октомври и за измена на составот на Буџетскиот совет на Собранието.

Тие едногласно беа ставени последни на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Дека нема договор за директорот на ОТА и главен државен ревизор потврдуваат и пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

За директор на ОТА се пријавиле 14 кандидати додека на огласот за главен државен ревизор имало 12 пријавени. Најголема поддршка, според информации од владејачкото мнозинство, има Тања Тасевска вработена во државната ревизија.

Дебата на Комисијата предизвика и составот на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ која се доделува за спортски достигнувања. Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека Зоре Темелковски не треба да биде член на одборот бидејќи неговиот син е градоначалник на Кисел Вода, а неговиот друг син е во Кошарскарската федерација на Македонија.

Ејуп Алими од ДУИ, пак, сметаше дека член во одборот повеќе не треба да биде Јовица Угриновски, и на негово место го предложи Шабан Трстена. И Димков сметаше дека токму Трстена треба да биде во одборот. Сепак, на крајот со поддршка на владејчакото мнозинство член на одборот повеќе не е Угриновски, туку Шабан Трстена.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата за претседател на Комисијата за одлучување во втор степен во областа на Инспекцискиот надзор ја предложи Елизабета Ристевска.

Артан Груби од ДУИ предложи да се поништи конкурсот за заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, поништен беше и конкурсот за именување членови и претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Ќе бидат распишани нови конкурси.

Продолжение на седницата на Комисијата ќе биде дополнително закажано, но се најавува за среда, пред одржување на пленарната седница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на коронавирусот

Редакција

Вкупно 2.954 здравствени работници заболеле од Ковид-19, починале 21

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 74 пациенти, а вкупно се лекуваaт 666

Редакција