еМагазин
Image default
Бизнис

Нови мостри ориз доставени на ГМО-анализа

Државниот инспекторат за земјоделство денеска доставил на анализа нови мостри ориз земени од неколку магацини од Кочани за да се утврди дали се генетски модифицирани.

Директорот на Инспекторатот Благој Индов вели дека резултатите од анализите се очекуваат во среда или четврток.

„Прибравме мостри од неколку магацини од Кочани. Денеска се дадени на анализа. Поради тоа што е утре неработен ден, резултати очекуваме во среда или четврток“, рече Индов.

Оризовото семе за кое Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) објави дека е генетски модифицрано и од увоз, според Индов, влегло во Македонија на нелегален начин.

Инспекторатот за земјоделство ја презема контролата врз генетски модифицираниот ориз на 21 август откако ги доби резултатите од анализите што дотогаш ги следеше АХВ. Тогаш Индов изјави дека контролите продолжуваат се додека не се дојде до узвониците

„Семето во овој случај не е увезено легално. Затоа, ќе ги продолжиме контролите. Наредниве денови ќе се истражува тоа. Уште не се знае за колку семе станува збор, утврдено е само дека кај повеќе производители има генетски модифициран ориз“, рече директорот, потсетувајќи дека увоз на генетски модифицирано семе не е забрането, но мора да е со сертификат и декларирано.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на угостителските услуги исти како во јули

Редакција

Општина Ѓорче Петров вработува 13 лица, плата до 37.631 денари

Редакција

Над 800 илјади евра отштета ќе исплати осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци

Редакција