еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Казната на Боки 13 за „Рекет“ намалена од девет на четири години

Апелациониот суд во Скопје на Бојан Јовановски – Боки 13 му ја намали казната затвор за случајот „Рекет“ од девет на пет години.

Одлуката следува по поднесеното барање од страна на одбраната на Јовановски, за преиначувања на одлуката на првостепениот суд, без повторување на постапката.

Јовановски претходно бараше, но Кривичниот суд го одби барањето за повторување на судењето.

Според адвокатите, судиите ја донеле пресудата поради нови околности, односно до нив била доставена медицинска документација на Јовановски, во која била опишана неговата здравствена состојба. Лекарите констатирале дека не може да биде лекуван во затворски услови, бидејќи му бил отстранет дел од желудникот и од тенкото црево.

Во документацијата имало информација и за неговата состојба по двете операции додека бил во затвор.

Јовановски во моментов е надвор од затвор, со отпуст за лекување дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ми падна косата, ставена ми е вештачка„: Боки 13 прозборе за здравствените проблеми

Боки 13 останува на слобода, во затвор нема услови да се лекува

Боки 13 најави документарно-игран филм “Рекет“

Фото: Инстаграм/Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 101 случаи на Ковид-19 од 1.299 тестирања, бројката на активни е 5.775

Редакција

(Видео) Несекојдневен настан во Барселона: Во оперска куќа се одржа концерт за 2.292 растенија

Редакција

Сите детали: Кои се надлежностите на претседателот на државата

Редакција