Маре Богоева Мицовска е нова в.д. директорка на Бирото за јавни набавки.
еМагазин во серијал Ви пренесува каков имот пријавиле дел од новите директори на државните институции и јавните претпријатија.
Каков имот пријавила
На свое име има два стана во скопски Центар, од кои едниот е подарок, како и два на име на децата.
На име на децата пријавила и две куќи во скопски Карпош.
На свое име има и неколку парцели земјоделско земјиште во Рожден, викендичка, шуми и градежно изградено земјиште, кои се подарок.
На свое име има и земјоделско земјиште и градежно изградено земјиште во Тимјаник, кои се подарок.
На име на сопругот пак пријавила земјоделско земјиште од 471 метри квадратни во Неа Потидеа во Грција.
Вози Сузуки, на име на сопругот пријавила уште пет возила, како и едно на име на децата.
На име на сопругот пријавила и оружје, кое е подарок.
Има и станбен кредит од над 3 милиони денари, кој треба да го врати до 2030 година.
На име на сопругот пријавила и два стана кои се во градба.
Има и приходи од закупнина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Неџмедин Садики, директорот на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви
Каков имот пријавил Дејан Станков, новиот директор на Државниот завод за статистика
Има и акции во “Макстил“: Каков имот пријавила Весна Митевска, новата директорка на Танец