еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Наташа Мишева, судијката од Велес која е обвинета за фалсификување службена исправа

Судијката од Велес, Наташа Мишева, заработи обвинение за фалсификување службена исправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопственици на ланец аптеки

Во истиот случај обвинет е и брачен пар, исто така од Велес, кои се сопственици на ланец аптеки.

Судијката ним, надвор од законската процедура им овозможила да станат сопственици на деловен простор, откако пресудила во нивна корист, без да ги почитува законските рокови и правото на жалба и пресудата веднаш ја направила правосилна.

Во текот на истрагата таа е разрешена.

За Мишева неможе да се најдат нови податоци за имотната состојба на сајтот на Антикорупциската комисија, но истите ги има на Отворената дата на податоци, односно таму има информации кои до Комисијата ги доставила во 2016 година.

еМагазин ги разгледа истите.

Каков имот пријавила

Во тој анкетен лист на нејзино име нема ништо.

На име на сопругот пријавила стан во Велес од наследство, а на име на родителите деловен простор, исто така во Велес и од наследство.

На име на родителите, повторно од наследство, пријавила и куќа во Велес, како и земјоделско земјиште во Велес.

На име на сопругот пријавила и возило Пежо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Дождови“ – нова песна на Александра Јанева

Редакција

Сите детали: Се укинува обврската отворените инвестициски фондови да се основаат со капитал од 300.000 евра

Редакција

Многу прашалници висат во воздух во врска со увидот на УЈП во банкарските сметки

Редакција