Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов е уапсен во случајот „Адитив“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој не беше во Македонија
Тој беше уапсен на граничниот премин „Табановце“ и вчера беше на распит во Основниот кривичен суд Скопје, по што доби 30-дневен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за Васко Стефанов, Васко Ковачевски останува недостапен
Моментално се наоѓа во истражниот затвор Скопје, попознат како Шутка.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор на ЕСМ/
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист тогаш на име на сопругата пријавил куќа и лозје од наследство во Демир Капија и Неготино.
На свое име пријавил куќа од наследство во Неготино, а на име на децата стан во Скопје.
Вози Ауди, а неговата сопруга џип.
На свое име тогаш пријавил девизен депозит од 15 илјади евра, а на име на сопругата од 8 илјади франци.
Пријавил и два кредити, на негово име од 900 илјади денари, кој требало да го врати лани и на име на сопругата – кредит на истата сума, кој треба да го врати во 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„
Кој друг освен Васко Ковачевски и Васко Стефанов е осомничен за криминалот тежок 6,5 милиони евра
Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра
Фото: ЕСМ