Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е во фокусот на јавноста, откако во Кочани во т.н. дискотека во пожар загинаа најмалку 59 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој беше на распит во полицијата и Основното јавно обвинителство, а вчера полицијата влезе и во Општината Кочани за да собере документација за т.н. дискотека.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папазов беше на распит во Обвинителството, засега не е осомничен
Додека да се избере нов градоначалник на Општината со истата ќе управува Мирче Стојков, кој му бил заменик и е советник од истата партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мирче Стојков ќе ја води Општина Кочани до изборот на нов градоначалник
еМагазин го разгледа неговиот имот на mkopen.org, кога станал градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?
Каков имот пријавил
Како заеднички имот пријавил деловен простор во Кочани од 154 метри квадратни, на име на сопругата пријавил куќа и земјиште во Кочани од наследство, како и стан во Кочани.
На негово име пријавил куќа и земјиште во Кочани.
Вози Шевролет.
Како заеднички имот пријавил и друштво за ограничена одговорност – ДОО “Флакда“, а на има на децата друго друштво ДООЕЛ “Фламинго“.
На име на децата и сопругата пријавил и кредити, кои се уште се враќаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот Папазов, кој си поднесе оставка, бил на распит во полицијата
Фото: Фејсбук/Папазов