еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Каматната стапка на благајничките записи намалена на 5,35%

На седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на 4. февруари, било одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,2 п.п., на нивото од 5,35%, информираат од таму.

Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети. Непроменета е и понудата на благајничките записи на редовната аукција и изнесува 10 милијарди денари.

„Ваквата промена во монетарната поставеност е одраз на поволните трендови кај инфлацијата и девизни резерви, а при и понатаму присутни и понагласени ризици поврзани со надворешното окружување. Покрај ова, има и ризици од домашните фактори коишто влијаат врз агрегатната побарувачка.

Во однос на надворешните ризици, најавата за воведување нови протекционистички мерки може да предизвика повторно глобални инфлациски притисоци. Променливоста на пазарите на примарните производи, исто така, е забележлива, под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор којшто Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во јануари, беше донесена одлука за намалување на каматните стапки за по 0,25 п.п., што е петто намалување од јуни минатата година,“ велат од Народна банка.

И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

„Општо земено, последните остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа можност за натамошно внимателно нормализирање на монетарната политика.

Ризиците од надворешното окружување и понатаму постојат и се понагласени, а будно се следат и ризиците од домашните фактори коишто можат да влијаат врз побарувачката и врз цените во следниот период. Оттука, водењето внимателни макроекономски политики ќе биде приоритет и во иднина,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годишната инфлација лани 3,5%, за годинава се очекува стабилизација на цените

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тиквеш со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција

Да не се прават споредби на руските услови за Украина и бугарските за Македонија, порачува евроамасадорот Гир

Редакција

Народната банка ја намали понудата на благајничките записи: Поголем простор за кредитирање на банките

Редакција