еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места

Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „Макпетрол“ ги остварија на Светската младинска карате-лига.

На турнирот што од 27 до 30. јуни се одржа во хрватскиот град Пореч, Стефан Стојановиќ заврши на втората позиција (+84 кг.). Седми во своите категории беа Данило Божовиќ и Витомир Трајковски.

„За оваа Светска лига се подготвувавме сериозно, имавме вкупно пет спортисти во групата на постари јуниори (У21). Сите наши претставници имаа добри настапи. Освоивме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на седмо место со Данило Божовиќ и со Витомир Трајковски.

Бевме близу до освојување и на втор медал. Трајковски (-84 кг.) не настапи во репасажот во борбите за бронза бидејќи уште во првата борба се повреди (фрактура на раката). Потоа оствари две победи со скршена рака, но повеќе не можеше и затоа без борба ја предаде репасажната борба која можеше да го донесе бронзениот медал,“ изјави Петар Заборски, тренер на „Макпетрол“.

Во категоријата под 84 килограми Витомир Трајковски ги оствари следните резултати против: Мохамед-Амине Баџу (Мароко) 1-0; Ештон Патрик (Англија) 3-2; Немања Микулиќ (Црна Гора) 0-6.

Данило Божовиќ имаше мечеви со следниве противници: Хасан Хусин (Египет) 0-0; Тони Пипл (БиХ) 4-0; Лазар Потпара (Црна Гора) 0-3.

Јована Мицовска ја порази Аурора Кампобасо од Италија со 5-3, додека загуби од Александра Давидова (Латвија) со 0-7. Димитар Лозаноски беше подобар од Јаник Боехлер (Австрија, 4-0), а со Анџело Ингенито од Италија заврши 0-0.

Стојановиќ во финалето во категоријата над 84 килограми се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан. Конечниот резултат беше без поени, 0-0, но членот на „Макпетрол“ не го освои првото место како резултат на судиското изјаснување, што беше во полза на египетскиот спортист.

На Светската Карате 1 Младинска лига во Пореч настапија 3,639 каратисти со 3,714 натпреварувачки влезови од 74 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ ќе учествува на медитеранското карате-првенство во Тунис

Редакција

Нови 1.222 случаи на Ковид-19 од 4.342 тестови, 157 се реинфекции

Редакција

(Фото) No Bull и B-good food Co., нови македонски бренда кои целат кон светскиот пазар

Редакција