еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Повредено 8-годишно дете се спаси себе си и татко му после сообраќајка на патот Дреново- Кавадарци

Осумгодишно дете, со тешки повреди, се спаси себе си и татко му после сообраќајка на патот Дреново – Кавадарци, која се случи синоќа.

Откако нивниот автомобил излетал од патот, тоа успеал да се јави на 112 и да побара помош, информираше на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој објави и фотографии од несреќата.

„Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот. Случајот го пријавил детето кое има само 8 години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.

Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена, а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје.

Браво за нашиот мал херој, кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите “гледам само темница, заглавен сум, се ме боли…, а татко ми не дише“.

Се молиме за нив“, напиша Јанчев.

Фото: Фејсбук/Јанчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ахмети во непријатна ситуација: Татко на загинат припадник на ОВК не му дозволи да стави цвеќе на гробот на неговиот син

Редакција

ЈСП Скопје вработува 100 помлади возачи, плата од 20.003 денари

Редакција

(Аудио) „Рекет“ со нови „бомби“ со Мицкоски и Кичеец

Редакција