еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни 

Високи стандарди во медицината, сертификат од Joint Commission International, првата операција на отворено срце во Македонија се само дел од достигнувањата на Клиника Жан Митрев изминатите 24 години постоење, информираат од таму.

Историјатот на Клиниката започнува да се испишува од 1. март 2000 година кога почна официјално да работи со правење на првата бај-пас операција во Македонија, предводена од д-р Жан Митрев.

Со оваа операција се поставија темелите на современите медицински услуги во Македонија и започнува континуираното подигнување на стандардите на здравствена услуга и нега.

„Мене ми се гледа како да беше вчера кога започнавме со работа, а во суштина кога ќе се навратам сме поминале многу овие 24 години. На шега велам дека ќе почнам да пишувам мемоари како сме почнале и до каде сме стигнале, но навистина од една просторија сега пред нас имаме клиника со највисоки стандарди во регионот. Да се опстои и да се расте и развива клиника беше вистински предизвик, бидејќи имавме и се уште имаме пат исполнет со многу препреки, опструкции.

И покрај се одиме напред и кај нас се знае дека пациентот добива врвна медицинска услуга. Нашиот успех се мери со успешните приказни на нашите пациенти, со бројот на оперативни зафати, примена на современи методи и поставување на највисоки стандарди во здравствената нега признати на светско ниво од најреномирани здравствени инстанци“, изјави д-р Жан Митрев осврнувајќи се на 24 години од постоењето на Клиниката.

Денес, Клиника Жан Митрев претставува регионален современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќе медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега.

Гo поседува сертификатот Златен печат за здравствен центар со највисоки стандарди од аспект на квалитет на здравствените услуги и грижа за безбедноста на пациентите доделен од Joint Commission International споредувајќи ја македонската Клиника Жан Митрев со Мајо Клиника. Сертификатот се доби по третпат во континуитет од седум години.

Досегашното работење на Клиника Жан Митрев е обележано со над 40.000 операции, вклучувајќи ги револуционерните методи во современата медицина како првата операција на отворено срце врз буден пациент направена во 2002 година, TAVI– Transcatheter Aortic Valve Implantation револуционерен метод за замена на срцев залисток/ валвула и TEVAR, сложен хибриден зафат на торако-абдоминалната аортна аневризма како и третмани на вродени срцеви заболувања.

Направени се повеќе од 1 милион прегледи и над 400.000 пациенти се лекувале во клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски и Петков ја изразија важноста да се поттикне соработката меѓу државните универзитети во двете земји

Редакција

Голем пад на индустриското производство во јуни

Редакција

Атиџе по ѕвездените моменти во Холивуд: Сакам да ги гледам пчелите, ми е жал ме чекаат

Редакција