еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Голем пад на индустриското производство во јуни

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пад од 15,1 отсто, додека за период јануари – јуни годинава во однос на тој период лани има намалување од 14,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12,5 отсто, во секторот пеработувачка индустрија опаѓање од 14,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 22 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на  тутунски производи, текстил, облека, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај енергијата за 24 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 10,7 отсто, капитални производи за 22,5 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 41,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) Хаос во Бејрут: Полицијата со солзавец против демонстрантите

Редакција

Бугарите го отворија центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола за да некој го запали

Редакција

Eпидемиологот Даниловски прогнозира дека ќе можеме да се опуштиме кон крајот на јуни

Редакција