еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Бугарите го отворија центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола за да некој го запали

Ни опожарувањето на центарот “Ванчо Михајлов“ не ги предомисли Бугарите да му го сменат името на т.н. културен центар, кој очигледно нема никаква врска со култура, а уште помалку со добрососедство.

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, која го посети центарот, чија влезна врата деновиве беше опожарена, изјави дека Бугарија нема никаква одговорност за овој инцидент, ама излажа.

Центарот свесно, со цел истиот да биде искршен или запален, намерно доби име на човек кој бил убиец, фашист и негатор на Македонците, а на неговото свечено отварање дојде цела свита од бугарски политичари на чело со премиерот Кирил Петков.

Па ако не беше пејачот Ламбе Алабаковски, кој е осомничен за опожарувањето на центарот, ќе беше некој друг, за да Бугарите кажат: еве не мразат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пејачот Ламбе Алабаковски во притвор

Какви се тие соседи кои дури и не нарекуваат “браќа“, кога подметнуваат вакви работи и сега ќе трубат по ЕУ, гледате Македонците (или “Северномакедонците“, како што не нарекуваат се повеќе бугарски политичари), се варавари и нецивилизирани.

А тие пустите се многу цивилизирани, па затоа во 21 век не признаваат цела една нација и сите им се чудат. На крај ќе излезе дека Бугарите потекнуваат од времето уште пред Адам и Ева.

Бугарите сериозно треба да размислат зошто никој не ги сака. Нека ставаат уште колку сакаат вета за Македонија. Од Македонците и поради бројни други причини, љубов во долго време нема да видат. Тоа сериозно треба да го сфатат. Не за друго, ние сме единствените кои имавме некакви симпатии кон нив.

Проблемот е и што не ги сакаат ни Србите, а уште помалку Грците и Турците. Ако со сосед немаш добри односи, немаш ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот Димитриевски: “Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Ламбе Алабаковски ги “запали“ социјалните мрежи

Фото: Фејсбук/центар “Ванчо Михајлов“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На кислородна поддршка 43, на респиратор 11 пациенти заболени од корона вирусот

Редакција

Путин нареди прекин на огнот во Украина за Бадник и Божик

Редакција

Не чекајте ред: И од плажа може да го наполните фрижидерот со продукти

Редакција