еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пејачот Ламбе Алабаковски во притвор

Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека повело постапка против пејачот Ламбе Алабаковски за кривичното дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

– Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил, информираа од ОЈО Битола.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, како што посочуваат од ОЈО Битола, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Македонија и на САД, каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Телевизијата Телма повикувајќи се на извори од Обвинителството јави дека судија на претходна постапка му одредил осум дневен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарите го отворија центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола за да некој го запали

Градоначалникот Димитриевски: “Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Ламбе Алабаковски ги “запали“ социјалните мрежи

Фото: Алабаковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров

Редакција

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Скопје и 20 други градови, се бара оставка од Заев

Редакција

Уставен застари околу 350 илјади предмети со милионски долгови кон фирми и граѓани, објави Пари

Редакција