еМагазин
Image default
Македонија

Уставен застари околу 350 илјади предмети со милионски долгови кон фирми и граѓани, објави Пари

Уставниот суд на вчерашната седница реши да не поведува постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување, а со ова, според неофицијалните проценки на порталот Пари.мк, застаруваат околу 350.000 предмети кои до 2013 година се дадени на извршување од страна на компаниите, но и на граѓаните.

Според информации на Пари, одлуката не била донесена едногласно, а дел од уставните судии сметале дека измените на законите за облигациони односи и за извршување, со кои предметите застаруваат после 10 години и каматата не може да го надмине износот на главниот долг, е против уставна.

Фирмите и стопанствениците сметаат дека со измените на двата закони ќе претрпат милионски загуби, бидејќи ќе се отежне наплатата на долговите меѓу самите фирми, но и фирмите и должниците граѓани.

Исто така, проблеми ќе се јават и при наплата на побарувањата што ги имаат граѓаните од други граѓани, како што е во случај со алиментација за издршка на дете или кога должникот намерно го одолговлекува плаќањето кон оној кој му позајмил пари, пишува Пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи повторно го нападна македонскиот клуб во Благоевград, од ОМО Илинден Пирин му вратија дека е лошо информиран

Редакција

Избори на 21 или на 28 јуни: Партиските лидери на нова средба за датум

Редакција

Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шестте пријавени кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК

Редакција