еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин нареди прекин на огнот во Украина за Бадник и Божик

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина, почнувајќи од полноќ на 6 јануари.

Русија ја повика Украина да прогласи прекин на огнот и да им се дозволи на луѓето да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божик.

Според соопштението од Кремљ, прекинот на огнот ќе трае до полноќ в сабота.

Руските власти ја повикаа украинската страна да „прогласи прекин на огнот и да им овозможи на граѓаните да присуствуваат на божиќните богослужби“.

Како одговор, украинскиот претседателски советник Михаил Подољак го нарече предлогот „цинична измама и елемент на пропаганда“.

МИА/Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 26 оздравени од Ковид-19

Редакција

МНР ги отфрла сите наводи дека се подготвуваат нови документи со Бугарија надвор од Протоколот

Редакција

(Галерија) Винарија „Чифлик“: Опкружена со прекрасна природа, градини во склоп на винскиот ресторан, семејна традиција во производство на вино

Силвана Жежова