еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се новите кадри во раководството на Алтернатива

Алтернатива, дел од владејачката коалиција „Вреди“ доби ново раководство.

На седница на Централното претседателство за генерален секретар е назначен Амир Елези.

Партијата избра и четири потпретседатели: Арбен Лабеништи, Орхан Муртезани, Сафие Садики Шаини и Афан Елези.

Башким Муртези пак е именуван за организациски секретар, Беким Сали за секретар за човечки ресурси, Адмирим Алити за секретар на Секретаријатот на одделенијата, Фисник Мела за секретар за стратегиски политики, а  Дритон Сулејмани за секретар за односи со јавноста.

Партијата неодамна доби и нов претседател – Зеќирија Ибрахими, кој дојде на местото на Африм Гаши, кој стана претседател на македонското Собрание..

Претходно вршител на должноста претседател беше Беким Сали, поранешниот миинистер за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеќирија Ибрахими нов претседател на Алтернатива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамадани, поранешниот припадник на ОВК, избегал од куќниот притвор во Скопје, објави СДК

Редакција

Кои акции имаат најголем раст, а кои пад на Македонската берза во март

Редакција

Филипче: Засега нема потреба од рестрикција на движењето, есенскиот бран ќе биде предизвик

Редакција