Новиот Централен одбор на опозициската СДСМ синоќа на својата прва седница избра четворица нови потпретседатели на партијата.
Се работи за поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, универзитетската професорка Ана Чупевска од Правниот факултет во Скопје, Кристина Костова од општинската организација на СДСМ во Штип и Менде Илиевски од Битола.
Нов генерален секретар на партијата е Александар Димитриевиќ, кој доаѓа од редовите на општинската организација на СДСМ во скопска Гази Баба и е актуелен советник таму. Тој доаѓа на местото на Миле Зечевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Александар Димитриевиќ, новиот генерален секретар на СДСМ
Избрани се и двајца организациски секретари, поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармакоски од општинската организација на партијата во скопски Центар.
Избрани беа и членови на Извршниот одбор на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koja e Фани Каранфилова Пановска, новата заменик претседателка на СДСМ
Кои се новите членови на Централниот одбор на СДСМ
Фото: СДСМ