еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 70 пациенти, а вкупно се лекуваaт 569

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 569 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 16 нови пациенти и 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица.

На Клиниката за Детски болести има 27 пациенти позитивни на ковид 19 вирусот и 10 на ГАК,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетите за несреќата на автобусот на „Дурмо Турс“ во која загинаа 16 лица „не биле виновни“

Редакција

Министерот Тупанчески: Францускиот предлог да се разгледа внимателно, да не биде ова договор со ѓаволот

Редакција

„Фокус“: Приведен експретседателот на Собранието Трајко Вељановски

Редакција