Компанијата „Рамбл“ отвори свое преставништво во Македонија, „Рамбл клауд“.
“Рамбл“ е во сопственост на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, кој заедно со финансискиот директор на компанијата, Брандон Александроф, се управители на преставништвото во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рамбл на Крис Павловски отвори претставништво во Македонија
Павловски е веќе присутен на македонскиот пазар преку ИТ компанијата “Космик Девелопмент“, која почна да работи во 2013 година, прво во Битола, а сега има канцеларии и во Скопје.
Алтернатива на YouTube
„Рамбл„ е основана во 2013 година од страна на Павловски.
Се работи за компанија која што има своја видео платформа со истото име, а хостира и други платформи, меѓу кои и социјалната мрежа на американскиот претседател Доналд Трамп „Трут Соушл“.
Павловски важи за близок до Трамп.
Платформата „Рамбл“ е еден вид алтернатива на YouTube, а Павловски ја основал откако видел дека Google и дава приоритет на YouTube, а не на независните креатори на содржина.
Компанијата има седиште во Торонто, Канада и во Лонгбоат Ки, САД.
Платформата стана популарна во 2020 година, а подемот му се препишува на тогашниот републикански политичар Девин Нунес, кој го обвини YouTube за претерано цензурирање на неговиот канал, па тој почна да објавува содржини на „Рамбл“, по што го следа и други истакнати конзервативци.
Две години подоцна компанијата излезе на американската Берза, а во јануари годинава Павловски стана милијардер.
Акционер и американскиот потпретседател
Премиерот Христијан Мицкоски неодамна по средбата со Павловски во Вашингтон, информираше дека акционери во “Рамбл“ се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс, новиот потпретседател на САД.
Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарда долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Павловски/Фејсбук