еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е компанијата „Ѓока Констракшн“ од Албанија, единствената која се јавила на тендерот за стопанисување со паркингот на Клинички центар

Компанијата „Ѓока Констракшн“ од Албанија е единствената која се јавила на тендерот за стопансување со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза„ Скопје во ноември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Компанијата “Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар?

Договор со нејзе се уште нема потпишано, посочи вчера министерот за здравство Арбен Таравари, а одобрение треба да даде и Владата.

Според тендерот доколку Ѓока констракшн“ биде избрана, на Клинички ќе треба да изгради две монтажни катни гаражи, во период од шест месеци до една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор со „Ѓока констракшн“ за стопанисување со паркингот на Клинички не е потпишан, вели Таравари

Со нејзиниот евентуален избор паркингот од 30 ќе поскапи на 50 денари, а таа ќе стопанисува преку јавно-приватно партнерство, односно државата ќе добива 1% од нејзините годишни приходи.

Која е „Ѓока Констракшн“

Во мај 2022 година албанската компанија отворила подружница во Македонија.

Според податоци на Бизниз мрежа во 2023 година немала приходи, туку само расходи од 88 илјади денари, а овластено лице е Роќ Ѓока.

Во Албанија пак постои од 1994 година, а во 2023 година имала добивка пред оданочување од 33,8 милиони евра.

Еден од последните проекти на кој работела оваа градежна компанија, која има и компании поврзани со енергетскиот бизнис, е тунелот Муриз, од кој бенефит ќе имаат и граѓаните на Македонија. Патувањето од Дебар до Тирана со овој тунел ќе биде само еден час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Од Дебар до Тирана ќе се патува за еден час, на 14. март се пушта во употреба тунелот Муриз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Божиновска се уште има бугарско државјанство, тврдат бугарските медиуми

Редакција

Колкави плати ќе земат обвинителите и што ќе се случи со вработените од СЈО: Што пишува во предлог-законот за „новото СЈО“

Редакција

Владата си „пукаше во колено“ со лош тајминг: Бугарија не оспорува, ние ќе ја спојуваме историјата

Редакција