За претседателската кампања на кандидатот за претседател на Македонија на коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи, кој не влезе во вториот круг, се донирани најмалку 69 илјади евра, покажуваат два извештаи кој ги поднел до Државниот завод за ревизија.
Станува збор за извештаи кои се поднесуваат на 11. ден од кaмпањата и на 20. ден, а по завршување на изборите за претседател треба да поднесе и финален извештај.
Во извештаите нема податоци кои физички лица донирале, но стои дека фирмата ТДК Хак комерц донирала 185.000 денари, а преку партиската сметка на ДУИ се префрлени 4.100.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пари собрал Максим Димитриевски за претседателската кампања
Кој донирал за претседателската кампања на Стево Пендаровски
Кој донирал за претседателската кампања на Гордана Силјановска Давкова
Фото: Османи/Фејсбук