Апелациониот судија од Битола, Александар Камбовски вчера беше избран за нов претседател на Судскиот совет.
ПОВРАЗНИ ВЕСТИ
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
Неговиот мандат е две години, а за него гласаа 13 од вкупно 15 членови на Советот.
Доаѓа на местото на Весна Дамева, која лани на неколку дена пред завршување на нејзиниот мандат си поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева си поднесе оставка
Кој е Камбовски
Според неговата официјална биографија, тој е дипломиран правник и магистер по правни науки.
Од 2003 до 2005 година работел во Основниот суд Битола.
Од 2005 до 2007 година работел како правник во приватна компанија.
Од 2006 до 2010 година бил ангажиран како надворешен соработник на адвокатска канцеларија.
Од 2007 до 2010 година работел како адвокат.
За прв пат е избран за судија во 2010 година во Основниот суд Битола, откако ја завршил Академијата за судии и јавни обвинители.
Во 2017 година е избран за судија на Апелацискиот суд Битола, а истата година започнува да предава на Академијата за судии и јавни обвинители.
Во февруари 2024 година, Камбовски беше избран за в.д. претседател на Апелацискиот суд Битола.
Во јуни лани беше избран за член на Судскиот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Александар Камбовски, кој е избран за претседател на Судскиот совет
Која е Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка
Каков имот пријавила Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка