еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Астрит Исеини, професор по физичка култура, кој ќе биде заменик министер во МВР

Познати се имињата на сите кандидати за заменици министри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Сите нови заменици министри

Астрит Исеини од владејачката коалиција “Вреди“ ќе биде заменик министер во Министерството за внатрешни работи (МВР).

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на сите кандидати.

Кој е Исеини

Роден е на 8. ноември 1981 година во Куманово.

Исеини завршил Факултет за физичко образование, спорт и здравје на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој е и Доктор на науки по кинезиологија.

Зборува и англиски јазик.

Работно искуство

Во моментот е вонреден професор на Факултет за биотехнички науки при Универзитетот “Св Климент Охридски“ во Битола.

При Тетовски универзитет на Факултетот за бизнис администрација од 2012 до 2024 година бил коридинатор за ЕЦТС кредити.

Од 2009 година до сега е вонреден професор и на Факултетот за физичка култура при Тетовскиот универзитет.

Спортска кариера и награди

Тој е добитник на признанието Спортски научник на годината во 2016 и 2020 година од Федерацијата на спортски педагози на Македонија.

Има награда од Боди билдинг федерацијата на Македонија – 3. место полутешка категорија во 2008 година, а во 2020 година бил вице шампион на Македонија, награда од Сојузот на атлетска гимнастика и боди билдинг на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ален Деребан, кандидат за заменик министер за правда

Која е Елфет Исмаили, кандидат за заменик министер за одбрана

Кој е Зоран Димитровски, поранешниот новинар, кој ќе биде заменик министер во МНР

Фото: Исеини/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банки продаваат спа-центри, хотели, деловни згради, луксузни куќи…

Редакција

Гевгеличанец мамел жени низ Македонија барајќи им пари

Редакција

Во март три нови случаи на ХИВ/СИДА, два во Скопје и еден во Битола

Редакција