Бугарија доби нова политичка влада, а нов министер за надворешни работи е Георг Георгиев (33), кадар на ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, која победи на последните парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија конечно доби влада, нов премиер е Росен Жељазков
Кој е Георгиев
Пред да стане министер тој беше пратеник на ГЕРБ од Перник, а на таа позиција дојде кога имаше само 23 години.
Политичката кариера ја започнал пред 10 години како лидер на младинската организација на ГЕРБ.
Дипломирал политички науки на Софискиот Универзитет „Св.Климент Охридски“.
На 25 години без никакво искуство стана заменик министер за надворешни работи, кога министерка беше Екатерина Захариева, добро позната на македонската јавност.
Во тој период нагло се влошија односите помеѓу Македонија и Бугарија, по што источниот сосед стави вето за старт на преговорите со Европската унија.
Неговите јавни изјави кога е во прашање Македонија по острината во ништо не се разликуваат од неговите колеги
Борисов му е кум
Во август 2022 година Борисов му стана кум на неговата свадба со водителката на временска прогноза, а подоцна и новинарка, Виолета Манчева.
Како министер за надворешни работи тој ќе треба да работи и со претседателот Румен Радев, кој според Уставот има делумни овластувања и во надворешната политика.
Георгиев изминатиов период го обвини Радев и претседателската администрација дека се извор на про-Кремљ пропаганда, за „тврдоглаво дистанцирање од сè што прави нашата земја“ и свесно и намерно противење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Росен Жељазков, новиот премиер на Бугарија
Фото: Фејсбук/Георгиев