еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Златко Перински, кандидат за министер за локална самоуправа

Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ е кандидат за нов министер за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада

Кој е Перински 

Роден е на 14. јануари 1983 година.

Тој е дипломиран тренер/професор на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Перински е и Магистер по менаџмент на човечки ресурси. Магистрирал на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Зборува англиски јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Од 2021 до 2022 година беше генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

Од 2014 до 2017 беше управител на Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје.

Од 2012 до 2014 година е основач на Bio save d.o.o.Белград, преставништво на Германска банка за матични клетки..

Од 2009 до 2012 година бил основач и управител на Био стем ДОО Скопје, преставништво на Грчка банка за матични клетки.

Тој е и поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2018 година стана шеф на кабинетот на лидерот Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Изет Меџити, кандидат за министер за екологија и вицепремиер

Кој е Игор Филков, кандидат за министер за правда

Кој е Орхан Муртезани, кандидат за министер за европски прашања

Фото: Фејсбук/Перински

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да ја симнете CommonPass дигитална верифицирана потврда, која ќе ви треба за патување

Редакција

Македонско семејство со новороденче чека евакуација од Харков, 50 граѓани веќе се извлечени

Редакција

На електронско наддавање недвижен имот на Мијалков, еве што се сè продава

Редакција