Судијата Џемали Саити, Судскиот совет го избра за в.д. претседател на Врховниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џемали Саити избран за в.д. претседател на Врховниот суд
Тој доаѓа на местото на Беса Адеми, на која мандатот и завршува на 12. март.
Саити е избран за врховен судија во 2012 година и работи во Одделот за казниви дела и Специјализиран совет, стои во неговата официјална биографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Џемали Саити, кој е назначен за в.д. претседател на Врховниот суд
Какво образование има
Роден е на 14.09.1966 година во Глумово, Скопје.
Основно и средно образование завршил во Скопје.
Тој е дипломиран правник – правосудна насока. Студиите ги завршил на Правниот факултет во Скопје во.1991 година.
Правосуден испит полижил во 1996 година.
Тој е и Магистар на правни науки, а магистрирал на Правниот факултет при државниот Тетовски универзитет.
Тој е и Доктор на правни науки, а докторирал на Правниот факултет “Јустинијан први“ во Скопје во 2012 година.
Работно искуство и политичка кариера
Од 1992 до1993 година работел како новинар во МРТ – Радио Скопје.
Од 1996 година до крајот на 1999 година бил адвокат во Скопје.
Во декември.1999 година станал министер за локална самоуправа, а на функцијата останал до мај.2001 година.
Од 2002 до 2006 година е член на Државната изборна комисија.
Од 2001 -до2004 година е заменик на претседателот на Државната пописна комисија.
Од декември 2010 година до август 2011 година е член на Државната пописна комисија.
Од мај 2005 до август .2011 година повторно работи како адвокат во Скопје.
Од.2006 година е овластен медијатор.
Од 18.08.2011 година е судија во Виш управен суд.
Од 25.12.2012 година е судија во Врховниот суд.