еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Креиран лажен профил на Филипче на Фејсбук

Од опозициската СДСМ информираа дека на Фејсбук е креиран лажен профил на нивниот лидер, Венко Филипче.

За истиот се злоупотребени името, податоци и фотографии на Филипче.

-Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување, а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.

Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале.

Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.

Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење, велат од таму.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како Заев го бранеше прогресивниот данок

Редакција

МВР распиша меѓународна потерница по екс-премиерот Никола Груевски

Редакција

Владата доцни со помошта: Стопанска комора изготви мерки за надминување на кризата со струјата, бара итна средба со надлежните

Редакција