еМагазин
Image default
Бизнис

Лани бројот на туристи во Македонија зголемен за 20.6%

Според податоци на Државниот завод за статистика во Македонија лани се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи.

Во однос на 2022 година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %, и тоа кај домашните за 0.6 %, а кај странските за 36.6 %.

Бројот на ноќевањата, пак, во 2023 година во однос на претходната година е зголемен за 10.1 %, кај домашните за 1.4 %, а кај странските за 22.9 %.

Во декември лани се евидентирани 55.875 туристи, од кои 38.6 % биле домашни, а 61.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111.668, од кои 41.6 % се од домашните, а 58.4 % од странските туристи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гранит“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за докомплетирање на автопатот Миладиновци-Штип вреден 5,7 милиони евра

Редакција

(Фото) ТАВ организираше забава за првите патници на летот Скопје-Љубљана на „Виз ер“

Редакција

Народната банка очекува пад од 3,5 отсто на македонската економија поради корона вирусот

Редакција