еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лани загинале 15, а 93 работници биле повредени

Денеска по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Македонското здружение за заштита при работа објави дека 15 работници лани го загубиле животот на своето работно место, а 93 биле повредени.

Најголем дел од загинатите биле во градежниот и земјоделскиот сектор.

Најголемиот број на смртни случаи се регистрирани во Скопје, потоа следат Куманово, Охрид, Струмица и Тетово, а најголем број на работници биле на возраст од 35-44 години.

„Но, дали и колку се заштитени работниците во земјава? Сносат ли некаква одговорност работодавците? Проблемот не е во законите, бидејќи на хартија има регулативи, но во пракса одговорност нема, судските процеси се долги, а правдата е бавна за работниците и нивните семејства“, оценуваат од Македонското здружение за заштита при работа.

Активисти од здружението засадија 15 дрвца во спомен на изгубените животи на 15 работници.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра во 2017 година

Редакција

Прво Зоки-Кичеец, па Катица Јанева: Коинциденција или смислен потег?

Редакција

Германија сепак не ја укинува изолацијата за инфицираните со коронавирусот

Редакција