еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лидл ќе има маркет и во Велес

Германскиот синџир на маркети Лидл ќе отвори маркет и во Велес. Информацијата на Фејсбук ја сподели градоначалникот на Општината, Марко Колев.

Предвидената локација е кај мензата, управната зграда и силосите на Жито Вардар.

Како што пишуваше изминатиов период еМагазин, Лидл засега планира маркети и во Штип, а веќе го гради својот прв маркет во Скопје. Неофицијално овде ќе има и други.

Лидл почна да го гради и маркетот во Кавадарци, а во Битола пак веќе е изграден првиот маркет, а се планира уште еден.

Лидл планира да отвори маркет и во Струмица, како и во Кичево и Тетово.

Во Куманово пак во тек е изградбата на логичко-дистрибутивниот центар на Лидл, кој ќе биде регионален.

Засега нема официјална информација кога ќе се отворат првите маркети. Неофицијално истите се очекува да се отворат следната или во 2026 година, имајќи го во предвид фактот што ланецот кога влегува на одреден пазар отвара истовремено неколку маркети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде сѐ освен Штип, Лидл планира да отвори маркети

Маркетот на Лидл во Кичево треба да биде завршен кон крајот на март следната година

Лидл планира два маркети во Штип

Фото: Лидл/Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски телеком со зголемена добивка и приходи во првото полугодие

Редакција

Се тргаат барикадите на граничните премини во Косово, Србија ја укина состојбата на зголемена борбена готовност

Редакција

Европската комисија уверува оти „францускиот предлог“ бил најдоброто можно решение

Редакција