еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 18 лица, 15 имале коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица од Ковид-19: по 3 починати лица од Скопје (70г, 77г и 97г) и Прилеп (61г, 72г и 77г) и по едно од Велес (75г), Охрид (88г), Кавадарци (58г) и Крушево (63г).

Од пријавените лица 9 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1).

Починатите лица се на возраст од 54г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.869.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 1.565 оздравени од Ковид-19

161 се реинфекции: 905 нови случаи на Ковид-19 од 2.808 тестови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите од Западен Балкан кои имаат волја за реформи ќе добијат пари од ЕУ, порача од Тирана, Фон дер Лајен

Редакција

ЕЛЕМ купува теренско возило за 1,5 милиони денари

Редакција

(ВИДЕО) НАСА ги објави првите снимки од Марс

Редакција