еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Личност на годината на еМагазин: Македон Димитровски

Во година кога цените вртоглаво растеа, корупцијата цутеше, доминираа вести од црна хроника, а Македонија повторно остана во чекалната на Европската Унија, една од ретките светли точки ни беше малиот Македон Димитровски (9).

Македонското чудо од дете, како што е препознаено во јавноста, со неговите бројни успеси, но и неговата личност и карактер, ни дава надеж дека оваа земја сепак има иднина, кога има вакви деца.

Деновиве еМагазин ќе објави ексклузивна сторија за Македон, која ја направиме заедно со неговите родители во нивниот дом во Скопје.

Признанието Личност на годината, еМагазин го доделува од 2013 година.

Лани Личност на годината беше Марко Пејчиновски од Охрид, кој не остави без здив со неговите препливувања на Охридското Езеро.

Претходната година Личност на годината беше доктор Никола Пановски, кој беше гласот и разумот на науката, во борбата против Ковид-19.

Личности на годината за 2020 година беа здравствените работници, поради нивната пожртвуваност во битката против Ковид-19.

Личност на годината за 2019 година беше главната хероина на документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова, која со својата скромност и однос кон пчелите остави силен впечаток врз милиони луѓе во светот.

Личност на годината за 2018 година на еМагазин беше актерката и активистика Ирена Ристиќ, која ја крена свеста на граѓаните и институциите за здрава животна средина.

Во 2017 година, Личност на годината беше тогаш главниот тренер на ракометниот клуб „Вардар“ и селекторот на Македонската репрезентација Раул Гонзалес, поради историскиот успех на РК „Вардар“ со освојување на тронот во Лигата на шампиони на ЕХФ.

Во 2016 година Личност на годината беше обвинителката Фатиме Фетаи, поради зборот правда која често го користеше.

Во 2015 година ја избравме Ленче Здравкин, поради несебичната грижа кон бегалците, нејзината помош и големото срце.

Во 2014 година Личност на годината на еМагазин беше студентот од Битола, Томе Кириази, кој на сиромаштијата и пркосеше со своето знаење и натпросечна интелигенција.

Во 2013 година ја избравме уметничката Розе Мојсовска, која и покрај телесниот хендикеп, создава уметнички дела цртајќи со уста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алтернатива нема да условува, ќе даде подршка за уставните измени

Редакција

Илјада години Бигорски манастир: Историски, културен и духовен бисер

Редакција

Поскок каснал 14-годишно момче од Македонија, додека се качувало по карпа во Јелашничка клисура кај Ниш

Редакција