Маж од Куманово загина во сообраќајка, која се случила вчера пред 15 часот во атарот на Агино Село на автопатот Куманово-Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во сообраќајка се повредени и две лица, а истата се случила кога автомобил марка „субару импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 64-годишен кумановец со иницијали И.А., излетало од коловозот.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот Б.Н. од Куманово, а лекар од Итна медицинска помош Куманово констатирал смрт“, велат од МВР.
Возачот на автомобилот и сопатничката Д.Н. се здобиле со телесни повреди.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.