еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонијатурист со добивка од 56,35 милиони денари во првото полугодие

Македонијатурист АД Скопје во првите шест месеци од годинава од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности, остварила добивка по оданочување од 56,35 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупните приходи за шесте месеци од 2024 година изнесуваат 211,92 милиони денари и се зголемени за 15%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се намалени за 3% во однос на истиот период минатата 2023 година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето за шесте месеци од 2024 година изнесуваат 153,22 милиони денари и се зголемени за 8% во однос на 2023 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таневска – Ефремова, претседател на УО на Македонијатурист купи 300 акции на компанијата

Пакет од 44.449 акции на Македонијатурист ќе се продава по моделот “се или ништо“

Доне Таневски, претседател на НО, повторно купи акции на Македонијатурист

Фото: Фејсбук/Македонијатурист/Холидеј Ин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски најави можна предизборна коалиција на СДСМ, ДУИ и други албански партии за претседателските и парламентарните избори

Редакција

Пад од 1.267 денари: Просечната плата во јануари изнесува 24.517 денари

Редакција

Нови 11 случаи на Ковид-19 од 2.723 тестирања, бројката на активни е 147

Редакција