еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина ја отфрла дополнителната истрага за потеклото на коронавирусот

Кина ги отфрли повиците на Светската здравствена организација (СЗО) за повторно отворање истрага за потеклото на Ковид-19, соопштувајќи дека ги поддржува „научните“, а не „политичките“ напори да се открие како настанал коронавирусот.

Врз Пекинг повторно расте притисокот да спроведе нова истрага за почетокот на пандемијата од која во светот досега загинаа повеќе од четири милиони лица и ги парализира економиите ширум светот, откако во декември 2019 година првично се појави во кинескиот град Вухан.

Тим меѓународни експерти на СЗО во јануари годинава отпатуваа во Вухан за да состави извештај за потеклото на коронавирусот, напишан заедно со нивните кинески колеги.

Експертите не успеаја да пронајдат конечен став за тоа како почна вирусот, пишуваат француските медиуми.

СЗО завчера ја повика Кина да ги сподели податоците за првите случаи на Ковид- 19 за да ја обнови истрагата за потеклото на заразата, а земјата ја повтори својата позиција дека првичната истрага е доволна и дека повиците за дополнителни податоци се мотивирани од политика, место од научни истражувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО формира нов тим за истрагата за потеклото на коронавирусот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ги славиме македонските и сесловенски просветители, Светите браќа Кирил и Методиј

Редакција

Тетовски Интерпромет ги објави примањата на менаџменот

Редакција

207 се реинфекции: Нови 1.865 случаи на Ковид-19 од 6.173 тестирања

Редакција