еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО формира нов тим за истрагата за потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од витално значење за светот е да се дознае како почна пандемијата на Ковид-19, како пример за одредување на потеклото на сите идни слични вируси.

СЗО соопшти дека формирала нов истражувачки тим за потеклото на коронавирусот и пандемијата на Ковид-19, по критиките на кинеските власти дека истрагата е политизирана.

„По објавувањето на заедничкиот извештај на СЗО- Кина за првата фаза од истрагата за потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 во март 2021 година, СЗО ја претстави следната серија студии и продолжува да разговара за чекорите со земјите – членки и експерти“, се наведува во соопштението.

СЗО, меѓутоа, соопшти дека Кина и некои други земји сугерирале дека студијата во март била политизирана или дека СЗО дејствува под политички притисок.

Шефот на СЗО, Тедрос Гебрејсус, кон средината на јули кажа дека очекува поддршка од Кина за следната фаза од научниот процес за да се идентификува потеклото на САРС-КоВ-2.

САД, кои целосно се ангажираа со СЗО откако поранешниот претседател Доналд Трамп ја прекина таа соработка, исто така го критикуваа извештајот од првата студија, повикувајќи на дополнителни истраги.

„За да се продолжи напред, СЗО ги повикува сите влади да ја деполитизираат ситуацијата и да работат заедно за да ги забрзаат студиите за потеклото на вирусот, и важно е тие да работат заедно за да развијат заедничка рамка за идните нови патогени на пандемски потенцијал“, велат од СЗО.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито Лукс со драстичен раст на добивката во првиот квартал

Редакција

Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци, жените принудени проверка за рак на дојка да прават во приватните клиники

Редакција

ДУИ побара сеопфатна истрага за наводите на САД за Мерко, неговите партиски функции замрзнати

Редакција